Настанот „Шепоти во огледалото“ со монодрамата „Срам“ ги имаше последните две изведби, од вкупно 8 реализирани, за 2024 година, изведени во Велес на 14 ноември и во Струмица на 2 декември.
Актерката Ангела Стојановска преку своите актерски вештини и искрено споделување на лични приказни од нејзиниот образовен, социјален, професионален живот, како и стереотипите, дискриминацијата и омаловажувањата која ги трпела на сметка на нејзиниот изглед, успеа да предизвика размислувања, коментари, емоција, но и многу смеа кај публиката на двата настани.
Учесниците на самите настани, уште еднаш потврдија дека ваквиот тип на активности се прифатливи за нив и влијаат на подигањето на свеста кај присутните особено за теми за кои ретко или воопшто не се зборува јавно, како што се срамот, омаловажувањето, дискриминацијата. Дополнително беше поздравено сценариото и актерката за нејзината умешност да ја вклучи и публиката во самата монодрама, па преку интеракција заеднички да се дојде до некои заклучоци, но и да се отворат нови прашања.
На крајот и на двата настани, присутните имаа можност да пробаат од тортата која актерката ја подготвуваше во текот на монодрамата, но и неформално да се дружат и споделат лични искуства.
Настанот „Шепоти во огледалото“ е дел од проектот „Јаки жени ја јакнат заедницата“ во реализација на ОЖОСВН и финансиски поддржан од Шведска и The Kvinna Till Kvinna Foundation.