Во периодот од 9 до 12 декември 2024, беше реализирана тридневна работилница за евалуација на работата на ОЖОСВН за 2024 година и креирање на Програма за работа за 2025 година. Членовите од извршната канцеларија, управниот одбор и подмладокот, поминаа низ стариот годишен план каде што се евидентираа реализираните активности и постигнатите резултати во 2024 година. Потоа следејќи ги програмите и стратешките цели, како и веќе одобрените проекти за наредната година, потребите на целните групи, очекувани акции и активности за наредниот период и плановите за аплицирање на активности и проекти што се поврзани со нашите програми, учесниците на работилницата продолжија со креирање на Програма за работа за 2025 година.
Овој начин на партиципативно евалуирање на годишната програма која завршува и креирање на програма за работа за наредната година се покажа како многу корисен за целокупната работа на организацијата. Низ текот на спроведувањ ена евалуацијата и планирање на идни активности, се отвараат и се разговараат многу организациски прашања, се споделуваат практични искуства, се развиваат идеи, а со тоа секое годишно планирање е се подобро и подобро.
ОЖОСВН и во наредната година останува посветена кон остварување на зацртаните стратешки цели во своите програми за работа и потребите на своите целни групи.
Оваа активност е дел од проектот „Јаки жени, ја јакнат заедницата III“ финансиски поддржан од фондација Kvinna Till Kvinna и Шведска.