На 18 април се одржа уште една хуманитарна акција во организација на групата за самопомош при Организација на жените на општина Свети Николе, посветена на жените кои се соочуваат со малигни заболувања.
Жените од групата со многу љубов и креативност, изработија велигденски украси кои беа изложени на хуманитарен штанд, а со цел собирање средства за нивна поддршка.
Средствата од акцијата ќе бидат наменети за набавка на перики, турбани и други неопходни помагала кои ќе им помогнат на жените заболени и во фаза на лекување од малигни болести, полесно да го поминат процесот на лекување.
Од срце им благодариме на сите кои со донации, време и поддршка помогнаа оваа акција да биде успешна.
Заедно правиме разлика.