На 29 април 2025 година, ОЖОСВН ја реализираше втората од четирите предвидени работилници во рамки на програмата „Растеме заедно во лидерки на заедницата“.
Темата на оваа работилница беше „Биди промена – води кон промена“, со цел младите девојки – „Менторки на иднината“ – да се охрабрат и оспособат да ги препознаат сопствените вредности, способности и потенцијал за влијание врз заедницата, преку развивање на лидерски вештини, самодоверба и проактивен пристап кон промени.
Преку креативни вежби, тимски игри и индивидуални активности, учесничките почнаа да ги откриваат своите силни страни, вредности и лидерски потенцијал.
Во продолжение, учесничките беа вклучени во индивидуални вежби и менторски игри, насочени кон идентификација на личните вредности, препознавање на лидерски потенцијал и промислување за сопствената улога во иницирање позитивни промени во општеството.
Девојките имаа можност да ги зајакнат своите комуникациски и социјални вештини, како и да развијат чувство за одговорност, иницијативност и активна граѓанска свест. Посебен акцент беше ставен на релацијата менторка–менторирана, која се развива преку игри на доверба, дијалог и заедничко размислување, со цел градење стабилна и поддржувачка врска која ќе се негува низ целиот тек на програмата.
Овие работилници се само дел од процесот на оформување на млади девојки-лидерки, подготвени да препознаваат предизвици и да иницираат промени во заедницата во која живеат.
Продолжуваме со нови активности. ОЖОСВН со голема посветеност ја спроведува програмата „Растеме заедно во лидерки на заедницата“, која има за цел да ги мотивира, охрабри и подготви младите жени за активна улога во општеството.
Оваа активност е дел од проектот „Јаки жени, ја јакнат заедницата III“ финансиски поддржан од фондација Kvinna Till Kvinna и Шведска.