Ги запознаваме убавините на Македонија, учиме и другаруваме во рамки на програмата „Растеме заедно во лидерки на заедницата“

  • Почетна
  • Новости
  • Ги запознаваме убавините на Македонија, учиме и другаруваме во рамки на програмата „Растеме заедно во лидерки на заедницата“

Во рамки на програмата „Растеме заедно во лидерки на заедницата“, менторките и менторираните девојчиња, дел од истата, уживаа во прекрасно дружење со прошетка низ кањонот Матка во близина на Скопје. Денот беше исполнет со прошетка низ природата, многу смеа, разговори, друштвени игри и моменти преку кои учесничките растат, се развиваат и стекнуваат нови искуства.

Она што ја направи оваа средба посебна беше атмосферата на поврзаност, меѓусебна поддршка и искрено пријателство. На овој начин учесничките поминаа квалитетно заедничко време во природа и на момент сите заборавија на своите мобилни телефони, онлајн игри и социјални мрежи, а создаваа убави спомени.

Оваа активност беше искористена и за доделување на сертификати на нашите „Менторки на иднината“. Овие млади и инспиративни девојки, кои волонтерски се вложија во програмата беа дел од четири еднодневни обуки за јакнење на сопствените капацитети, а доделените сертификати се потврда за нивната подготвеност, одговорност и желба да бидат поддршка и пример за своите помлади другарки.

ОЖОСВН е горда на нивниот личен и заеднички развој и воопшто процесот на развој на самата програма низ кој во континуитет учиме, ги надминуваме предизвиците и градиме одржливост на женското движење. Самата програма е уште еден доказ дека кога девојките добиваат простор, охрабрување и менторска поддршка, можат да блеснат и да бидат лидери на позитивни промени во својата заедница.

Е-билтен

Пријавете се на Е-билтенот за да ги добивате најновите информации во врска со ОЖО Свети Николе.
Затвори
Е-билтен