Нашите тела, лето, релаксација, одмор

На 12.06 во малата сала на локална смоуправа на Општина Свети Николе се одржа работилница на тема „Нашите тела, лето, релаксација, одмор“. Работилницата ја водеше психологот Емина Петкова.

На почетокот на работилницата, учесничките размислуваа за своето лично доживување на одмор, релаксација и прегорување. Се нагласи дека одморот не е исто што и спиење – иако спиењето е важно, не е единствениот начин на кој телото и умот се обновуваат.

На работилницата беа опфатени 7 видови одмор кои се подеднакво значајни:

1. Физички одмор – пасивен (спиење, дремки) и активен (јога, масажа).

2. Ментален одмор – кратки паузи, справување со несоница, „гасење“ на мозокот.

3. Сензорен одмор – ограничување на екрани, светлина и бучава.

4. Креативен одмор – прошетки во природа, уметност, инспиративен амбиент.

5. Емоционален одмор – искреност кон себе и другите, изразување чувства.

6. Социјален одмор – избор на односи кои полнат, не исцрпуваат.

7. Духовен одмор – поврзаност со нешто поголемо, смисла и вредности.

Целта на работилницата беше да се зголеми свеста за потребата од различни видови одмор. Често го игнорираме заморот додека не стане хроничен, а вистинскиот одмор започнува тогаш кога свесно му го даваме на телото и умот она што им е навистина потребно.

Оваа активност е дел од проектот „Заедно да превенираме и се бориме против ракот на дојка-2025“, финансиски поддржан од Локална самоуправа на општина Свети Николе.

Е-билтен

Пријавете се на Е-билтенот за да ги добивате најновите информации во врска со ОЖО Свети Николе.
Затвори
Е-билтен