Барање на понуда за промотивни материјали

До: Сите заинтересирани страни

Предмет: Барање на понуда за промотивни материјали

 

Почитувани,

Здружението Организација на жените на општина Свети Николе од Свети Николе, во рамките на проектот „Јаки жени, ја јакнат заедницата III“ финансиски поддржан од The Kvinna Till Kvinna Foundation, Стокхолм, Шведска има потреба од прибирање на понуди за печатење на промотивен материјал.

Вашата понуда треба да гласи до Организација на жените на општина Свети Николе и да содржи:

  • Шише за вода (нераѓосувачки челик, алуминско, стаклено, пластично) еден принт во боја (порака и лого) – количина 140

Понудата може да содржи повеќе видови од горенаведениот производ со различен квалитет и цена.

Сите заинтересирани страни понудите треба да ги достават на нашата емаил адреса: womsvetinikole@yahoo.com или во просториите на Организација на жените на општина Свети Николе ул:Ленинова бр.1-1/4, Свети Николе, најдоцна до 28 јули 2025 година (понеделник).

НАПОМЕНА: Цените на производите да бидат изразени во МКД со пресметан ДДВ и пресметана испорака до Организација на жените на општина Свети Николе на ул.Ленинова 1-1/4, 2220 Свети Николе.

Краен рок за достава на принтаните материјали е 18 август 2025 година (понеделник).

Лице за контакт: Александра Тодевска 078 264 823

 

Со почит,

ОЖОСВН

Е-билтен

Пријавете се на Е-билтенот за да ги добивате најновите информации во врска со ОЖО Свети Николе.
Затвори
Е-билтен