Работилници на група за самопомош во ноември

Групата за самопомош за жени заболени и лекувани од малигни болести од Свети Николе, во текот на ноември продолжи со своите  едукативни и поддржувачки работилници, насочени кон унапредување на здравјето, самосвеста и психофизичката благосостојба на членките.

На 04 ноември на работилницата насловена „Дијабетес“,  д-р Гордана Митева, ги запозна учесничките со симптомите, ризиците и важноста од навремена превенција и усвојување здрави животни навики. Преку отворена дискусија беше истакната улогата на информираноста и знаењето како клучни фактори за долг и квалитетен живот.

На 18 ноември се реализираше работилница на теме „Љубезност“. Работилницата беше водена од психологот Емина Петкова, која низ интерактивен пристап зборуваше за значењето на вистинската љубезност, поставувањето здрави лични граници и развивањето сочувство. Беше нагласено дека малите гестови на добрина носат сила, топлина и надеж, особено во моменти кога човечноста е најпотребна.

Активностите се реализираат во рамки на проектот „Заедно да превенираме и се бориме против ракот на дојка – 2025“, финансиски поддржан од Локалната самоуправа на Општина Свети Николе.

 

Е-билтен

Пријавете се на Е-билтенот за да ги добивате најновите информации во врска со ОЖО Свети Николе.
Затвори
Е-билтен