Успешно реализирана обука „Интеграција на родови перспективи во локални политики“ за општина Лозово

  • Почетна
  • Новости
  • Успешно реализирана обука „Интеграција на родови перспективи во локални политики“ за општина Лозово

Во периодот од 27 февруари до 1 март 2026 година, во Хотел Брана Градче, беше успешно реализирана обуката „Интеграција на родови перспективи во локални политики“, наменета за Советниците и претставници на локалната администрација на Општина Лозово.

Обуката беше насочена кон унапредување на знаењата и вештините за интегрирање на родовата перспектива во процесот на креирање и имплементација на локални политики и буџети. Учесниците имаа можност да се запознаат со:

  • улогата на советниците на локално ниво,
  • законските обврски и одговорноста на јавниот сектор во однос на еднаквоста и заштитата од дискриминација,
  • циклусот на креирање на јавни политики,
  • влијанието на јавните политики врз жените и мажите,
  • видовите политики (неутрални, родово одговорни, специфични и трансформативни).

Преку интерактивна работа, групни задачи и анализа на стратешки документи, учесниците работеа на препознавање на локални проблеми и нивно преточување во конкретни програмски решенија базирани на податоци и статистика.

Во рамки на обуката беше презентиран и практичен прирачник кој ќе послужи како алатка во идното креирање на локални политики со интегрирана родова перспектива.

Обуката заврши со евалуација и заеднички заклучоци, при што беше истакната важноста од континуирана соработка и градење капацитети за поинклузивни, праведни и одржливи локални заедници.

Организацијата на жените на општина Свети Николе останува посветена на унапредување на родовата еднаквост и активно учество во процесите на донесување одлуки на локално ниво.

Оваа активност е дел од проектот на ОЖОСВН „Локален компас кон еднаквост“, поддржан од Kvinna till Kvinna Foundation и финансиран од UK International Development.

 

 

Е-билтен

Пријавете се на Е-билтенот за да ги добивате најновите информации во врска со ОЖО Свети Николе.
Затвори
Е-билтен