Состанок на групата за самопомош

На 03 февруари 2021 година, со почеток во 18.30 часот, ОЖОСВН реализираше работен состанок на членките од групата за самопомош на жени заболени и лекувани од малигни заболувања. Состанокот беше воден од страна на претседателката на Организацијата, Даниела Панева и на истиот присуствуваа 15 жени.

Целта на овој состанок беше информирање на членките за годишната програма за 2021 година, број на работилници според одобрениот буџет од Општина Свети Николе и остварените контакти во месец јануари на проектниот тим со едукаторките.

На состанокот се разговараше и за одржување на традиционалниот хуманитарен велигденски базар кој, веќе пет години (со исклучок на минатата година), се одржува по повод велигденските празници. Жените ги изнесоа своите идеи и се договараа околу тоа што тие би можеле да изработат но, и оваа година условите за одржување на базарот ќе зависат од моменталната состојба со корона вирусот.

Работилниците за подготовка на рачни изработки за велигденскиот базар делуваат позитивно кај членките и се убав начин на дружење и креативно исполнување на слободното време, опуштање и релаксација кои се нешта што многу недостигаат во последната година.

Овој состанок е дел од активностите во рамки на проектот „Заедно во борба против ракот на дојка-2“, финансиски поддржан од Општина Свети Николе.

 

Е-билтен

Пријавете се на Е-билтенот за да ги добивате најновите информации во врска со ОЖО Свети Николе.
Затвори
Е-билтен