На 15 април од 13 до 15 часот се одржа првиот состанок на неформалната локална мрежа за родова еднаквост НИКА.
На состанокот присуствуваа по еден од членовите на институциите, членки на мрежата.
На состанокот се разгледаа Правилникот за работа и Програмата за работа на мрежата, каде заеднички ги поминавме целосно и двата документи и ја коментиравме нивната содржина и како да ги унапредиме и усвоиме за официјални документи според кои ќе работи мрежата.
Исто така, разговаравме и се договоривме за идните чекори и активности на мрежата, како и за одржување на наредниот состанок и одлуките кои треба да се донесат на истиот, како усвојување на овие документи, назначување на Претседавачка и заменичка на мрежата итн.
Оваа активност е дел од проектот „Јаки жени ја јакнат заедницата 2“ финансиски поддржан од Фондација Kvinna Till Kvinna, Шведска.