Форуми за девојки и млади жени „Биди активна за родово еднакво општество!

  • Почетна
  • ОЖО
  • Форуми за девојки и млади жени „Биди активна за родово еднакво општество!

Со цел да допреме до што повеќе девојки и млади жени на возраст од 15 до 30 години од општините од Вардарски и Источен плански регион и да ги запознаеме поблиску со женските човекови права, родовата еднаквост и како да станат активни општествени чинители кои прават позитивни промени, ОЖОСВН започна со реализирање на 10 Форуми.

На 25.05.2022 во 13ч. во средното училиште во Делчево и на 04.06.2022 во 12ч. во основното училиште во Демир Капија, учествуваа 25 девојки и млади жени, кои на интерактивен и партиципативен начин, се запознаа со женските човекови права, родовата еднаквост и женскиот активизам. Фасилитаторка на овие форуми беше Весна Попоска, експертка за родови прашања.

Форумите се корисна алатка како простор каде учесничките може да разменат идеи и разговараат за прашања од нивен интерес. На тој начин млади жени и девојки со различна позадина имаа можност да ги подобрат своите знаења и разбирање за овие теми и да се поттикнат да бидат поактивни и повидливи во заедницата.

Оваа активност е дел од проектот „Јаки жени ја јакнат заедницата 2“ финансиски поддржан од Фондација Kvinna Till Kvinna, Шведска.

 

Е-билтен

Пријавете се на Е-билтенот за да ги добивате најновите информации во врска со ОЖО Свети Николе.
Затвори
Е-билтен