До: Сите заинтересирани страни
Предмет: Барање на понуда за превоз на патници
Почитувани,
Здружението Организација на жените на општина Свети Николе од Свети Николе, во рамките на проектот „Не чекаме промени – ги создаваме“ финансиски поддржан од Акција Здруженска, Скопје, има потреба од прибирање на понуди за превоз на патници.
Во рамки на проектот, во периодот од 24 до 26 август 2026 година, ОЖОСВН ќе реализира дводневен тренинг во хотел Тино, Свети Стефан, Охрид.
На тренингот ќе присуствуваат 17 лица од Свети Николе за кои е потребно да се обезбеди организиран превоз. На 24 август сите учесници треба да бидат во х.Тино, Свети Стефан, Охрид до 14 часот, а треба да се вратат назад кон Свети Николе на 26 август со поаѓање од х.Тино, Свети Стефан, Охрид во 14 часот.
Вашата понуда треба да гласи до Организација на жените на општина Свети Николе и да содржи:
- Превоз за 17 лица на релација Свети Николе – Охрид – Свети Николе
НАПОМЕНА: Цените да бидат изразени во МКД со пресметан ДДВ.
Сите заинтересирани страни понудите треба да ги достават на е-маил адресата на ОЖОСВН: womsvetinikole@yahoo.com или во просториите на ОЖОСВН: ул.Ленинова бр.1-1/4, Свети Николе, најдоцна до 19 август (среда) 2026 година до 12 часот.
Со почит,
ОЖОСВН


