Организација на жените на општина Свети Николе и оваа година ја поддржува глобалната иницијатива Ден на добри дела (Good deeds day) како партнер на Младински културен центар-Битола (МКЦ-Битола), која е една од водечките волонтерски организации во нашата земја што го иницира, координира и организира по втор пат во Македонија овој настан со различни активности во повеќе општини.
Во одбележувањето на годинешната глобална акција Ден на добри дела, се приклучија учениците од основното училиште „Гоце Делчев“ и ученици од средното училиште „Кочо Рацин“ од Свети Николе.
Учениците заедно со своите наставници, засадија дрвца за поубава животна средина и го обоија ѕидот на влезот на самото училиште каде што самиот влез доби поубав изглед.
Учесниците во акцијата го промовираа правењето добри дела во заедницата во која живееме и ни дадоа до знаење дека сплотени заеднички можеме да направиме добри дела и да ја направиме средината во која учиме подобра и поубава за сите.
МИСЛИ ДОБРО, ЗБОРУВАЈ ДОБРО, ПРАВИ ДОБРО!