Локална дискусија на тема „Подобрување на активните мерки за младинско вработување“

  • Почетна
  • Новости
  • Локална дискусија на тема „Подобрување на активните мерки за младинско вработување“

На 19.05.2021 г. со почеток од 14:00 часот, во амфитеатарот при ООУ „Кирил и Методиј“ – Свети Николе, се одржа локална дискусија на тема „Подобрување на активните мерки за младинско вработување“.

Организатор на настанот е ОЖОСВН во соработка со Коалиција СЕГА, и е еден од останатите десет кои се одржаа во текот на почетокот на месец мај во уште десет други општини од нашата држава. Во улога на фасилитатор беше Ненад Јованов, член и лице одговорно за односи со јавноста при Извршната канцеларија на ОЖОСВН.

Беа присутни млади од 18 до 29 години како директна таргет-група, претставници од Локалната Самоуправа, Агенцијата за вработување (АВРСМ) Свети Николе, Граѓанската иницијатива на жени (ГИЖ) Свети Николе, членови и членки на ОЖОСВН, како и претставници од Извршната канцеларија на ОЖОСВН.

Дискусијата се одвиваше во релаксирачка атмосфера и беше спроведена во вид на прашања поделени во две групи: 1. Предизвици, бариери и потешкотии за вработување на младите на локално нив

о и 2. Достапност и вклучување на млади во мерки на Оперативен План за вработување на АВРМ во услови на КОВИД 19.

Цел на дискусиите е да се приберат мислењата и ставовите на младите и претставниците на релевантните институции во однос на ефективноста на мерките за вработување како и потребата за унапредување на истите, со што ќе се обезбеди инпут за националната работилница што ќе се одржи во периодот од јуни-јули 2021 година.

Низата коментари се разви во одлична дискусија која разјасни многу нејаснотии, отвори нови прашања и резултираше со тоа што присутните изразија желба за уште многу други вакви или слични настани.

Проектот е финансиран и поддржан од Национална агенција за образовни програми и мобилност во Република Северна Македонија преку програмата Еразмус+ и се спроведува во периодот од 01 март 2021 до 30 октомври 2021 година.

 

Е-билтен

Пријавете се на Е-билтенот за да ги добивате најновите информации во врска со ОЖО Свети Николе.
Затвори
Е-билтен