Мај – месец на женското здравје

Мај е период од годината во кој го одбележуваме женското здравје.

 

Никогаш не е прерано или прекасно да се направат здрави животни промени, заради кои ќе се чувствуваш и изгледаш подобро. Можеш да преземеш контрола за своето здравје и да им помогнеш и на другите да го прават истото.

  • Зборувај со релевантни здравствени работници, професионалци;
  • Редовните прегледи се многу важни и може да делуваат превентивно во повеќе случаи. За време на Ковид-19 пандемијата, некои здравствени услуги можат да се обезбедат дури и онлајн или преку телефон;
  • Зборувај со здравствено лице да откриеш кои прегледи и контроли ти се потребни и кога;
  • Истражи ги превентивните услуги за жени кои ги покрива фондот за здравствено осигурување и други превентивни бенефити кои се достапни за жените бесплатно. За ова може да се информираш и во здруженија на граѓани и други релевантни институции кои работат во областа на здравството;
  • Ако физички не се чувствуваш добро, забележуваш промени во однос на твоето здравје или нешто те загрижува, зборувај со доктор или медицинска сестра, а, во случај на пандемија, тоа можеш да го направиш преку телефон или е-пошта. Запиши ги прашањата или грижите кои ги имаш и постави им ги.

 

  • Практикувај здрава и балансирана исхрана

Храната е неопходен дел од здравиот начин на живот. Научи ги основите на здрав начин на исхрана и практикувај ги почесто.

  • здравиот начин на исхрана вклучува овошје, зеченчук, мешункасти плодови, безмасно или ниско маслено млеко и други млечни производи, бело месо, слабо солена храна, заситена и со транс масти, како и без додадени шеќери;
  • внесувај фолна киселина;
  • избегнувај пиење на многу алкохол или злоупотреба на дроги и психотропни супстанци;
  • Биди активна.

Физичката активност е една од најважните работи што можеш да ги сториш за своето здравје. Го намалува ризикот од срцеви заболувања, кои се водечка причина за смртност кај жените. Заради следење на препораките за социјална дистанца во случај на пандемија, ова се 5 начини како да се биде безбедно активна од дома:

  • најди онлајн видеа за вежбање;
  • вежбај со предмети кои ги имаш во домаќинството;
  • користи го и времето пред екраните за вежбање;
  • семејното време за игра е одличен начин да се биде физички активен;
  • се сметаат и работата низ дома и низ дворот и градината.

Доколку, сепак, се одлучиш за физички активности надвор од дома, пешачењето е една од нив, а во случај на пандемија, запамети да избираш безбедни активности. Затоа, имај во предвид како се шири вирусот Ковид-19, бројот на луѓе кои ќе учествуваат во активноста и локацијата каде што ќе се одвива.

  • Менталното здравје нека ти биде приоритет

Одржувај ги здрави и телото и умот. Истражувањата покажуваат дека позитивното ментално здравје е поврзано со подобрено севкупно здравје и добросостојба. За време на пандемијата со Ковид-19, може да биде тешко да се практикуваат здрави начини на однесување и менаџирање со стресот. Сепак, има неколку важни чекори кои можеш да ги преземеш за да ја добиеш поддршката која ти треба за да се носиш со стресот:

  • грижи се за своето тело – послушај ги горенаведените совети;
  • најди време да се опуштиш – практикувај активности во кои уживаш;
  • поврзи се со другите – зборувај со луѓе на кои им веруваш во врска со твоите загрижености и чувства;
  • најди локална група за поддршка – тие пружаат безбедно место за луѓето да најдат удобност. Не си сама!
  • научи да препознаваш кога ти треба поголема помош – ако стресот ти го попречува одвивањето на дневните активности неколку дена по ред, се чувствуваш преплавена од емоции, како што се тага, депресија, анксиозност, размислуваш за самоубиство или да повредиш некој друг, зборувај со психолог, социјален работник, психијатар или психотерапевт.

Во канцеларијата на ОЖОСВН, исто така, можеш да ја најдеш бараната помош и истата ќе ја добиеш бесплатно, така што ќе разговараш со психолог и ќе му кажеш како се чувствуваш, а притоа ќе наидеш на разбирање и сигурност.

Секоја жена има право да биде запознаена со сите расположливи можности, зашто тоа ѝ дава слобода на избор – слобода за планирање на сопствениот живот.

Подобрата иднина започнува со здравјето на жената!

 

 

Текстот го подготви Ружица Сотировска – психолог во Канцеларијата за БПП и ПСП.

 

 

Оваа објава е напишана и објавена како дел од проектот „Не си сам/а – канцеларија за бесплатна правна помош и психо-социјална поддршка. Проектот е регрантиран од Коалиција Маргини и Фондација Kvinna till Kvinna, а финансиран од Европската Унија.

 

 

Е-билтен

Пријавете се на Е-билтенот за да ги добивате најновите информации во врска со ОЖО Свети Николе.
Затвори
Е-билтен