На ден 24.08.2022 се одржа состанок на неформалната локална група за родова еднаквост – мрежа НИКА. Мрежа НИКА е составена од 11 локални институции и организации, чија мисија е да иницираат и промовираат подобрување на социо-економската положба на жените на локално ниво преку градење на капацитети и застапување за активно вклучување на жените во јавниот и политичкиот живот на општината. Состанокот беше со изборен карактер и на истиот учествуваа 9, од вкупно 11 претставнички од координативното тело на мрежа НИКА со право на глас.
Состанокот го отвори и водеше, претседателката на ОЖОСВН, Даниела Панева како членка на мрежата. Во првиот дел од состанокот се усвои записникот од предходниот состанок, Правилникот и Програмата за работа на мрежа НИКА, а потоа во согласност со Правилникот, се пристапи кон избор на претседавачка и заменичка.
Едногласно се донесе одлука за претседавачка да биде избрана Оливера Арсов членка во мрежата која ја претставува Унија на жени на ВМРО ДПМНЕ, а како заменичка беше избрана Билјана Ефтимова членка во мрежата која го претставува Форумот на жени на СДСМ од Свети Николе. Сите се согласија дека на овој начин ќе покажеме заедништво и здружено делување за прашања во интерес на сите жени од општина Свети Николе.
Во вториот дел од состанокот се разви плодна и инспиративна дискусија, а членките со многу голем ентузијазам зборуваа за идните активности и промени што би можеле да се направат во наредниот период, споделувајќи многу идеи и предлози за акции, активности, иницијативи.
Оваа активност е дел од проектот „Јаки жени ја јакнат заедницата 2“ финансиски поддржан од Фондација Kvinna Till Kvinna, Шведска.