Организација на жените на општина Свети НиколеОрганизација на жените на општина Свети НиколеОрганизација на жените на општина Свети Николе
+389 32 444 620
Свети Николе, Македонија

Тренинг за диверзификација на извори на финансирање и самоодржливост на ОЖОСВН

  • Почетна
  • ОЖО
  • Тренинг за диверзификација на извори на финансирање и самоодржливост на ОЖОСВН

Во периодот од 2 до 4 септември 2022, беше одржан тренинг за диверзификација на извори на финансирање и самоодржливост на ОЖОСВН. На работилницата беа присутни членовите на извршната канцеларија, членови од надзорен одбор и волонтери на организацијата. Едукатор на работилницата беше Зоран Стојковски.

На тренингот беа презентирани клучни извори на финансирање на ОЖОСВН, начини преку кои организацијата може да дојде до одржливост и самоодржливост преку донации и проекти, како и петте најчести форми на прибирање средства и фандрејзинг активности. Во овие три дена беа опфатени клучните програми за финансирање на ЕУ и на други грант програми каде ОЖОСВН е подобна за аплицирање, но беа потенцирани и клучните грешки при подготовка на предлог проекти и на што најмногу треба да се внимава. Покрај грант можностите, на обуката се учеа вештини и знаења за останати механизми и алатки за финансирање, опфаќајки ги можностите за добивање на корпоративна и индивидуална поддршка, креирање економски активности, државна поддршка, модел на социјално претпријатие итн.

Овој тренинг беше интерактивен, со отворена дискусија и одлична можност присутните да споделат идеи, предлози и препораки на кои фандрејзинг активности да се насочи ОЖОСВН при диверзифицирање на изворите на финансирање. Се надевам дека во иднина истите ќе се применат и во пракса.

Е-билтен

Пријавете се на Е-билтенот за да ги добивате најновите информации во врска со ОЖО Свети Николе.
Затвори
Е-билтен