Од 5 до 8 јули 2021 година, во Струга се одржа Мрежен состанок за претставнички на граѓански организации.
Организиран од Фондација Квинна тилл Квинна, Мрежниот состанок понуди единствена можност за вмрежување, споделување на искуства, знаења и научени лекции кои што ќе допринесат за развој на капацитетите на граѓанските организации за теми поврзани со женските права и родовата еднаквост, истовремено овозможувајќи локалните и националните организации да придонесат кон зајакнување на женското движење во државата.
ОЖОСВН, како организација која е поддржана од шведската фондација Квинна Тилл Квинна, беше присутна на настанот, а претставничка од организацијата имаше свое излагање на панел-дискусијата „Суштинската улога на женските граѓански организации во овозможувањето пристап до сервиси за сите жени“, каде ја презентираше работата на Канцеларијата за бесплатна правна помош и психо-социјална поддршка.
Настанот се реализира како синергија помеѓу билатералната програма „Зајакнување на правата и учеството на жените во Северна Македонија“ финансирана од Сида – Шведската агенција за развој и соработка, а имплементиран од страна на Фондацијата Kvinna till Kvinna во соработка со седум партнерски организации, и проектот „Пристап до правда за маргинализирани заедници” финасиран од Делегацијата на Европска Унија и ко-финансиран од Сида – Шведската агенција за развој и соработка, а имплементиран во партнерство помеѓу Фондацијата Kvinna till Kvinna и Коалиција Маргини.