Организација на жените на општина Свети НиколеОрганизација на жените на општина Свети НиколеОрганизација на жените на општина Свети Николе
+389 32 444 620
Свети Николе, Македонија

Организирана дводневна работилница за креирање на Правилник за функционирање на неформалната локална група за родова еднаквост

  • Почетна
  • Новости
  • Организирана дводневна работилница за креирање на Правилник за функционирање на неформалната локална група за родова еднаквост

ОЖОСВН организираше дводневна работилница за креирање на Правилник за функционирање на неформалната локална група за родова еднаквост. Работилниците се одржаа на 23 и 30 септември, од 12 до 18 часот.

 

Присутните, заеднички, со активно вклучување во конструктивниот процес, креираа Правилник за поструктурирано, одговорно и професионално функционирање на неформалната локална група за родова еднаквост, а ги дефинираа: визијата, мисијата, целите, вредностите, принципите и структурата на мрежата. Беа дадени и прецизирани предлози за начинот на функционирање, администрирање и за внатрешна и надворешна комуникација.

Атмосферата и на двете работилници беше позитивна, мотивирачка и плодна. Заеднички се одлучи првата година работата на групата да ја администрира ОЖОСВН, а се дебатираше и за именување на истата. Наскоро, очекувајте повеќе детали.

Работилниците ги модерираше фасилитаторката Гордана Несторовска.

Целта на оваа неформална група е да ги придвижиме работите на локално ниво кон подобро и да придонесеме кон унапредување на животот на секоја жена и девојка.

 

 

Оваа активност е дел од проектот „Јаки жени ја јакнат заедницата 2“ финансиски поддржан од Фондација Kvinna Till Kvinna, Шведска

Е-билтен

Пријавете се на Е-билтенот за да ги добивате најновите информации во врска со ОЖО Свети Николе.
Затвори
Е-билтен