На 19 декември 2024 година, на градскиот плоштад во Свети Николе, во рамки на манифестацијата за одбележување на патронот на градот Св.Никола, ОЖОСВН имаше свој штанд со промотивни и информативни материјали. Граѓаните имаа можност да се запознаат со работата на нашата канцеларија, услугите кои ги нудиме, како и со нашите активности за поддршка на заедницата.
На штандот беше споделен информативен и промотивен материјал, меѓу кој и флаери со водич за само-преглед на рак на дојка, како дел од нашите напори за подигање на свеста за важноста на превентивната грижа за здравјето.
Благодариме на сите граѓани кои покажаа и покажуваат интерес за нашите активности. Вашата поддршка е наша мотивација да продолжиме со заеднички напори кон подобрување на здравјето и благосостојбата на сите граѓани!
Заедно градиме посилна заедница!
Оваа активност е поддржана од програмата SMART Balkans финансирана од Министерството за надворешни работи од Кралството Норвешка и имплементиран од конзорциум на следниве граѓански организации: Центар за промоција на граѓанското општество (CPCD) од Босна и Херцеговина, како водечки партнер, Центар за истражување и креирање политики (CRPM) од С. Македонија и Институт за демократија и медијација (IDM) од Албанија.