Организација на жените на општина Свети Николе (ОЖОСВН) објавува повик за ангажирање на едукаторка за вклучување во програмата: „Растеме заедно во лидерки на заедницата“, дел од проектот „Јаки жени ја јакнат заедницата III“ поддржан од Фондацијата Квина Тилл Квина и Шведска.
Цел на програмата:
Целта на оваа програма е да поттикне доверба, лидерство и личен раст преку едукација на девојки на возраст од 15 до 17 години од општина Свети Николе. Со градење на трајни врски, нашите „менторки на иднината” ќе помогнат да ги водат „малите искри” низ животните предизвици, притоа нудејќи им охрабрување, инспирација и мудрост.
Главна цел (прва еднодневна работилница):
За да ги изградиме менторките на иднината во лидерки и пример во заедницата, ќе работиме на јакнење на нивните капацитети, знаења и вештини.
За таа цел ќе организираме 4 еднодневни работиници на различни теми од нивен интерес.
Првата од предвидените работилници за која ни е потребен едукатор/ка, се однесува на:
- Развивање меки вештини: комуникација, тимска работа, решавање конфликти и емоционална интелигенција.
Работилницата е планирана да се оддржи првата половина од месец март.
Опис на ангажманот:
Едукаторката ќе биде одговорна за спроведување интерактивни работилници и активности насочени кон развивање на меки вештини, како што се ефективна комуникација, тимска работа, решавање конфликти и емоционална интелигенција. Преку практични примери, дискусии и вежби, ќе им помогне на учесниците да ги зајакнат своите способности за градење доверба и личен раст.
Обврски на едукаторката:
- Подготовка и спроведување на интерактивни предавања и дискусии
- Организирање на вежби за практично применување на стекнатите вештини
- Поттикнување на учесниците на саморефлексија и градење лични и професионални капацитети
- Реализирање на еднодневна работилница со 4 посебни сесии од час и половина
- Подготовка на пред и после тест за работиницата
- Подготовка на извештај.
Потребно е кандидатката да има:
- Познавање и примена на техники за развој на меки вештини, особено во области како комуникација, тимска работа и решавање конфликти
- Искуство во спроведување обуки, работилници или менторски програми
- Одлични комуникациски и презентациски вештини
- Способност за мотивирање, инспирирање и поттикнување на личен раст кај учесниците
Како да аплицирате:
Заинтересираните кандидатки треба да испратат кратка биографија (CV), мотивационо писмо и претходно искуство во вакви и слични активности заедно со предлог методологија за работилницата на womsvetinikole@yahoo.com со предмет: Пријава за едукаторка, најдоцна до 27/02/2025
За повеќе информации може да се обратите директно во канцеларијата на ОЖОСВН (Ленинова 1-1/4) или на 078615860 – кај Стефанија Арсова, младинска координаторка во ОЖОСВН.
Оваа активност е дел од проектот „Јаки жени, ја јакнат заедницата III“ финансиски поддржан од фондација Kvinna Till Kvinna и Шведска.