За проектот
Проектот „Зајакни ја промената: Подобрување на застапувањето преку медиуми“ го спроведува Организација на жените на општина Свети Николе (ОЖОСВН). Проектот е поддржан од Фондацијата Квина Тилл Квина од Стокхолм, Шведска со финансиска поддршка од UK International Development.
Цел на проектот: е да се подобри капацитетот и ефективноста на локалните женски граѓански организации и организации за човекови права кои работата на територијата на Р.С. Македонија, преку застапување за политики засновани на докази, подигање на свеста за родово базирано насилство и создавање влијателни приказни за општествени промени.
Како дел од процесот ќе добиете:
- Три-дневен тренинг за зајакнување на капацитетите на локалните граѓански здруженија за застапување базирано на докази и визуелизација на податоци;
Тренингот ќе опфати методи и техники за ефективно користење на податоците при застапување и ќе биде поделена на два модула. Првиот модул ќе биде насочен кон застапување базирано на докази, а вториот кон визуелизација и интерпретација на информации, алатки за комуникација со различни целни групи и креирање содржина за поефективно застапување. Тридневната обука ќе се реализира во периодот од 30 септември до 3 октомври 2024 година. Сите трошоци за учесниците на тренингот (превоз, освежување, храна, сместување во еднокреветни соби, работотни материјали) ќе бидат покриени од проектот.
- Прирачник за интерпретација на податоци, изработка на пораки и како да планирате кампањи за застапување;
Прирачникот ќе служи како водич за организациите да ги подобрат своите застапнички стратегии. Целта на оваа активност е да ги опреми локалните организации со основните вештини и знаења неопходни за ефективно толкување на податоците, изработка на убедливи пораки и стратешки планирани кампањи за застапување. Со обезбедување на сеопфатен прирачник, сакаме да ги поттикне организациите да воведат значајни промени во нивните заедници.
- Три-месечна менторска поддршка за практикување на застапување преку иницијативи кои се однесуваат на родово засновано насилство и прашања за човековите права.
Оваа активност обезбедува менторска поддршка за учесниците на обуката (поединци и локални организации) ангажирани во застапување против родово засновано насилство и кршење на човековите права. Менторскиот процес е предвидено да биде во период од 1 ноември 2024 година до 31 јануари 2025 година. Во зависност од потребите на учесниците и нивната идеја за застапување, ќе се понуди поддршка за да се развијат алатки за застапување или да се визуелизираат информациите кои ќе се искористат за застапување. Учесниците ќе треба да развијат барем една алатка или производ (самостојно или заедно со учесници од други организации) преку кој ќе треба да го насочат проблемот со родово базирано насилство, а наменет за застапување на една или повеќе различни засегнати страни. Ќе ги охрабриме учесниците на обуката кои ќе бидат дел од овој менторски процес да формираат работни групи со учесници од различни организации и заеднички да се залагаат за промени. Трите најреални идеи кои ќе произлезат од менторскиот процес, според оценката на експертите и проектниот тим, ќе бидат поддржани со буџет од 500 евра за реализација на процесот или дел од него. Овие средства се наменети за практична реализација на производи кои ќе произлезат од целиот процес, а се во форма на креирање видеа, објави, спонзорирани објави, патни трошоци, освежување за работни состаноци, хонорари, промотивни и информативни материјали и сл.
Кој може да аплицира?
Локални организации кои работат на родово засновано насилство и човекови права, а имаат за цел да ги подобрат нивните капацитети за поактивно да работат на застапување пред носителите на одлуки, како и да ја искористат моќта на медиумите. На тренингот ќе учествуваат по двајца претставници од избраните граѓански организации.
Како да аплицирате:
Заинтересираните кандидати треба да ја потполнат апликацијата на следниов линк: https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSeKI-gRVZ7eDhhJOCLq0Yj08XtqWLAmv5jfQz91MUSzQpGOmQ/viewform?usp=pp_url најдоцна до 16 септември (понеделник) 2024 година до 12 часот.
ОЖОСВН се залага за еднакви можности за сите кандидати
За дополнителни информации, ве молиме контактирајте не на 032 444 620 или мобилен: 078 305 814 кај Јасмина Трајчева, проектна координаторка.
Придружете ни се во зајакнувањето на капацитетите и создавањето на позитивно општествено влијание преку овој важен проект!