Работилница „Прифаќање на новата реалност во услови на КОВИД 19 пандемија“
На 10 септември 2020 година со почеток во 18.30 часот, ОЖОСВН реализираше работилница за психолошка поддршка на членките од групата за самопомош на жени заболени и лекувани од малигни заболувања. Работилницата се спроведе со почитување на ситe мерки и протоколи за заштита и на истата присуствуваа 17 жени, а беше водена од психолог – психотерапевтка Елисавета Секуловска.
Целта на оваа работилница беше низ интерактивен пристап учесничките да изградат психолошка резилиентност, да ја прифатат новата реалност во услови на КОВИД 19 пандемија и позитивно да се адаптираат на новите животни трендови, како што се лично одговорно однесување со почитување на мерки за заштита и превенција, прифаќање и изразување на непријатните аспекти од социјалното дистанцирање, прифаќање и изразување на стравот, неизвесноста и други негативни појави како резултат на пандемијата.
По завршување на работилницата присутните беа задоволни од добиените информации и нови сознанија па искажаа интерес наскоро пак да се реализира ваков тип активност.
Оваа работилница е дел од активностите во рамки на проектот „Заедно во борба протв ракот“, финансиски подржан од Локална самоуправа на Општина Свети Николе