проект: Младите и европските вредности – реализиран од Коалиција на младински организации СЕГА

  • Почетна
  • Новости
  • проект: Младите и европските вредности – реализиран од Коалиција на младински организации СЕГА

 

Кафе средба со локалните механизми за родова рамноправност и девојките од општина Свети Николе

 

На 3ти Септември 2020 година со почеток во 18 часот во пица ресторан Пијано Бар во Свети Николе се одржа кафе средба со девојки од општина Свети Николе, Претседателката на Комисијата за еднакви можности меѓу мажите и жените и Координаторката за еднакви можности на општина Свети Николе. Целта на оваа средба беше да се запознаат и информираат девојките за родовата еднаквост, европските вредности, надлежностите и можностите на локалните механизми за родова еднаквост, но и како заеднички може да се делува во унапредување на родовата еднаквост во однос на младите на локално ниво. На почетокот Претседателката на КЕММЖ и координаторката за родова                                        еднаквост на општина Свети Николе имаа свои кратки воведни излагања, а потоа средбата продолжи со дискусија и поставување на прашања од страна на девојките, па се разговараше за тоа на што треба да работи општина Свети Николе за да ги задржи младите во градот, се разговараше за хигиенските услови во училиштата посебно за девојчињата, потребата од младински културен центар, Локалниот младински совет, културниот живот, можностите за спорт и рекреација итн. Девојките беа поканети и повикани на отворена соработка со локалната самоуправа и добија ветувања дека локалните механизми ќе се потрудат повеќе да работат на овие проблематики, но и беше побарано од нив да не бидат толку пасивни и да си ги бараат своите права. Оваа активност е дел од Проектот „Младите и европските вредности“ спроведуван од Коалиција на младински организации СЕГА, а финансиски поддржан од Генерален Секретаријат на Влада на Република Северна Македонија, преку Програмата за финансиска поддршка на здруженија и фондации.

Организација на жените на општина Свети Николе како членка на Коалиција СЕГА спроведува дел од активностите со младите од Свети Николе.

#coalitionsega #youth #EuropeanValues #mladi

Е-билтен

Пријавете се на Е-билтенот за да ги добивате најновите информации во врска со ОЖО Свети Николе.
Затвори
Е-билтен