На 18 мај 2026 година во с. Црнилиште и на 19 мај 2026 година во с. Амзабегово, беа реализирани едукативни работилници на тема „Остеоартритис“.
На настаните присуствуваа вкупно 28 жени, односно 13 учеснички во с. Црнилиште и 15 во с. Амзабегово. Работилниците ги водеше д-р Гордана Митева, доктор по семејна медицина.
Настаните ги отвори претседателката на организацијата, Даниела Панева, по што свое обраќање имаше и координаторката на проектот, Билјана Димова, кои ги поздравија присутните и ја истакнаа важноста од навремена едукација и превенција.
Во текот на работилницата, учесничките имаа можност да се информираат за тоа што претставува остеоартритисот, кои се најчестите причини за негово појавување, кои се симптомите, начинот на дијагностицирање и можностите за третман и олеснување на симптомите.
Посебен акцент беше ставен на:
- важноста на раната дијагностика,
- одржување на физичка активност,
- правилна исхрана,
- намалување на ризик факторите,
- како и зачувување на подвижноста и квалитетот на животот.
По предавањето следуваше активна дискусија, при што присутните споделија лични искуства и поставија прашања поврзани со остеоартритисот и други здравствени состојби. Дел од жените изразија интерес за организирање бесплатни мамографски прегледи во иднина.
Целта на овие работилници е подигнување на свеста за влијанието на остеоартритисот врз секојдневниот живот, како и поттикнување навремена превенција, информираност и грижа за здравјето.
Работилниците се дел од проектот „Заедно да превенираме и да се бориме против ракот на дојка – 2026“, финансиски поддржан од Општина Свети Николе.


