Сашка и Христина од Велес, кои претходно беа дел од тренингот во Струмица „Твој е изборот дали ќе бидеш тивка или гласна“ на 23.11. 2023год. ги споделија своите стекнати знаења за родовата еднаквост со младите од Велес.
Сашка и Христина на учесниците им презентираа за стереотипите, родовата еднаквост и дискриминација. Учесниците ги споделија своите размислувања, искуства и сфаќања за родовата еднаквост.
Отворените дискусии на теми како дискриминација и родова еднаквост допринесуваат во создавање на поинклузивна заедница.
Оваа активност е дел од проектот „Јаки жени, ја јакнат заедницата 2“ финансиски поддржан од Фондација Kvinna Till Kvinna, Шведска.