Во периодот од 28 до 31 октомври 2024 година во Струга, ОЖОСВН реализираше тридневен тренинг за граѓански ангажман и активно вклучување на девојки и млади жени во заедницата.
На тренингот присуствуваа 16 учеснички од општините: Свети Николе, Кочани, Пехчево, Кавадарци, Неготино и Штип.
Тренингот имаше за цел да го поттикне граѓанскиот ангажман и вклучување на девојките и младите жени на различни нивоа на заедницата, подигање на нивната свест и опремување со потребните знаења и вештини за родова еднаквост, женски активизам и учество во заедницата. Оценувајќи го текот на тренингот, споделените впечатоци од учесничките, како и според евалуацијата и видувањата на едукаторките, овој тренинг ја постигна својата цел и беше успешен, значаен за девојките и соодветно надоградување на веќе постоечкиот потенцијал во девојките за ангажирано дејстување.
На самиот тренинг, учесничките имаа можност да работат во групи и заеднички да учат како да креираат предлог проекти за нивен понатамошен ангажман. Развојот на четири солидно изработени проектни апликации и презентациите од секоја од четирите групи ја покажуваат сериозната посветеност на девојкуте за континуиран ангажман во нивните заедници.
Учесничките си заминаа од тренингот опремени со вредни знаења и практични вештини, со кои ќе може да се охрабрат и да преземат лидерски улоги и активно да придонесат за позитивни промени во нивните заедници. Ентузијазмот и посветеноста прикажани во текот на целиот процес ја рефлектираат ефективноста на обуката за поттикнување доверба и капацитет за значајна акција.
Им благодариме на сите учеснички за нивната енергија, идеи и ангажман!
Се надеваме дека со овој тренинг ги мотивиравме и инспириравме учесничките да станат повидливи во својата заедница, поактивни, погласни за своите права и креирање на поправедно и исполнително опкружување во кое живеат, затоа што само заедно создаваме подобра иднина за сите.
Овој тренинг е дел од проектот „Јаки жени, ја јакнат заедницата III“ финансиски поддржан од фондацијата Kvinna Till Kvinna и Шведска, а во реализација на Организација на жените на општина Свети Николе.