Вежби за релаксирање на мускулите на градите

На 15 декември 2023 година, беше спроведена работилница со вежби за релаксација на мускулите на градниот кош, дизајнирани специјално за членките на група за самопомош за жени кои се подложени на третман за малигни заболувања. Предводена од физиотерапевтот Марија Стефанова Таушанова, работилницата имаше за цел да ја нагласи важноста на редовните вежби за зајакнување на мускулите на градниот кош, клучни за одржување на правилното држење на телото.

Вежбите вклучени во оваа работилница, имаат за цел да помогнат во первенцијата од појава на лимфоедема во градниот кош, потпора на правилно држење на телото, а со тоа и намалување на болката, слободно движење на градниот кош и правилно дишење.

Оваа активност е дел од проектот „Заедно да превениреме и се бориме против ракот на дојка. Финансиски подржан од Локална самоуправа на општина Свети Николе

 

 

 

 

 

 

 

Е-билтен

Пријавете се на Е-билтенот за да ги добивате најновите информации во врска со ОЖО Свети Николе.
Затвори
Е-билтен