Граѓански форум за генерирање на идеи и поставување на приоритети за работа на Локалниот економско социјален совет на општина Свети Николе

  • Почетна
  • ОЖО
  • Граѓански форум за генерирање на идеи и поставување на приоритети за работа на Локалниот економско социјален совет на општина Свети Николе

Организација на жените на општина Свети Николе во соработка со Општина Свети Николе, на 28 јуни 2022 година, реализираа Граѓански форум за генерирање на идеи и поставување на приоритети за работа на Локалниот економско социјален совет на општина Свети Николе (ЛЕСС-СВН).

Целта на настанот е да се запознаат присутните со работата на ЛЕСС, да се зајакне и поддржи работата на ЛЕСС-СВН со тоа што ќе се овозможи дијалог на членовите на ЛЕСС Свети Николе со заедницата, односно со сите засегнати страни, да се генерираат идеи и да се направи приоритетна листа на проблеми и потреби на локално ниво кои се планира да бидат вклучени во програмата за работа на ЛЕСС Свети Николе за 2023 година.

На граѓанскиот форум учествуваа преставници од ЛЕСС Свети Николе и претставници од други релевантни институции и граѓански организации.

Форумот го отвори фасилитаторката, каде најпрво беше презентирана целта на форумот и дневниот ред за работа, а потоа се претставија присутните учесници со посебен осврт на тоа која институција или сектор го претставуваат и застапуваат во ЛЕСС Свети Николе. По освртот на фасилитаторката за потребата од ЛЕСС, која е неговата улога, каква е состојбата со ЛЕСС во Македонија, како и соодветни информации за работата на ЕСС на национално ниво, кои се сличностите и разликите, со акцент на спецификите на ЛЕССовите, свое излагање имаше г-ѓа Даниела Арсенова Лазарова – претставничка од оптина Свети Николе, заменик претседателка во актуелниот состав на ЛЕСС Свети Николе. Таа ги запозна присутните со досегашните иницијативи на општината за формирање на ЛЕСС, кои биле проблемите и кои се постигнувањата на ЛЕСС Свети Николе. Соопшти дека актуелниот ЛЕСС е формиран во 2019 година со поддршка на МОТ, со мандат од 4 години, меѓутоа поради корона пандемијата немало состаноци и позначајни активности, освен подготвен деловник за работа. По презентациите се започна со дискусии за приоритетни области за работа на ЛЕССот, а потоа со работа во групи за дефинирање на соодветни решенија и активности за надминување на проблемите во секоја од приоритетните области. За приоритетни области кои се избраа за работа се: инфраструктура, вработливост со акцент на младите, образование и зајакнување на капацитетите на ЛЕСС.

Препораките и произлезените заклучоци од форумот, заедно со приоритетите и предлог решенијата од форумските работни групи понатаму ќе бидат основа за креирање на програма за работа на ЛЕСС за 2023 година.

Оваа активност е дел од проектот „Унапредување на социјалниот дијалог во заедницата“ кој го реализира Младински културен центар од Битола со финансиска поддршка на Меѓународниот центар Олоф Палме од Шведска, а ОЖОСВН е локален партнер за активностите во општина Свети Николе.

Е-билтен

Пријавете се на Е-билтенот за да ги добивате најновите информации во врска со ОЖО Свети Николе.
Затвори
Е-билтен