На 31.01.2024 година со почеток од 18:30 часот, во просториите на Организација на жените на општина Свети Николе се реализираше состанок со групата за самопомош (група жени заболени и лекувани од карцином на дојка и матка).
На состанокот присуствуваа 15 жени. Состанокот го отвори координаторката на проектот Билјана Димова, а понатаму го водеше претседателката на Организацијата – Даниела Панева.
Целта на овој работен состанок беше информирање на жените за годишната програма, број на работилници според одобрениот буџет од Локалната самоуправа на општина Свети Николе и остварени контакти на работниот тим на проектот со едукаторките.
Овој состанок е дел од активностите кои ќе се реализираат од проектот „Заедно да превенираме и се бориме против ракот на дојка-2024“. Финансиски поддржан од Локална самоуправа на општина Свети Николе.