Трибина на тема: Од здрави до насилни врски

„Од здрави до насилни врски” беа работилниците кои се одржаа на 24.01 во просториите на СОУ Ѓорче Петров – Кавадарци и на 29.01 во просториите на салата на општина Свети Николе.

Целта беше учесниците да спознаат колку е важно да се пружи поддршка на девојки кои доживуваат некаков облик на интимни партнерски односи наспроти општествените искуства за обвинување и срамење на жртвите.

Резултатот од оваа активност беше продлабочување на знаењата за типологијата на интимни партнерски релации, справување и заштита. Тенка е линијата помеѓу зрелата љубов и зависната, помеѓу односот кој ослободува и
врската која врзува. Љубовта може да прерасне во здрава врска единствено ако партнерите се интроспективни, самокритични, свесни битија спремни континуирано да растат.

Главна препорака на крајот на работилницата беше креирање на групи за млади девојки, кои ќе дадат поголема можност за создавање безбедна и доверлива средина, со цел истражување на родово сензитивни теми, но и можност за добивање на поддршка, особено на поранливи млади девојки.

Оваа активност е дел од проектот „Не си сам/а – канцеларија за бесплатна правна помош и психо-социјална поддршка 2″. Проектот е регрантиран од Коалиција Маргини и The Kvinna Till Kvinna Foundation, финансиран од Европската Унија, а ко-финансиран од Шведска.

 

 

 

Е-билтен

Пријавете се на Е-билтенот за да ги добивате најновите информации во врска со ОЖО Свети Николе.
Затвори
Е-билтен