Настан: „Шепоти во огледалото” – Монодрама „СРАМ”

Продолживме со реализација на настанот „Шепоти во огледалото“ кој се реализираше уште на три места. На 24.09 во Кочани, 15.10 во Кавадарци и 17.10 во Пробиштип каде актерката Ангела Стојановска  ја претстави својата монодрама „СРАМ“.

Спојувајќи го емоционалното влијание на монодрамата со интерактивен дијалог им овозможи на присутните да споделат свои позитивни и негативни искуства.

Во првиот дел на монодрамата, публиката имаше можност да се насмее и да се идентификува со разните ситуации и искуства што актерката ги споделуваше. Овие моменти на хумор и искреност создадоа атмосфера на близост и разбирање. Во вториот дел, настапот се задлабочи, кога актерката започна да го истражува потемниот аспект на темата. Овде таа охрабри отворени дискусии за случаи на срам, омаловажување и дискриминација, што иницираше важни разговори меѓу присутните.

Од актерката:

„Монодрамата „СРАМ“ е моето простување со срамот од моето тело, од храната, од живеењето во оваа земја. Од срамот кој сум го негувала долго време, кој понекогаш не е лично мој и доаѓа од постапките на другите. Ова е моето прифаќање, заблагодарување и раскрстување со срамот. Време е срамот да оди кај некои други луѓе.“

– Ангела Стојановска

Како заокружување на вечерта, присутните беа изненадени со торта, која актерката ја подготви за време на целата изведба. Ова дополнително ја зајакна атмосферата и го направи настанот уште поинтересен и забавен.

Настанот „Шепоти во огледалото“ е дел од проектот „Јаки жени ја јакнат заедницата“ во реализација на ОЖОСВН и финансиски поддржан од Шведска и The Kvinna Till Kvinna Foundation.

Е-билтен

Пријавете се на Е-билтенот за да ги добивате најновите информации во врска со ОЖО Свети Николе.
Затвори
Е-билтен