Вежби за релаксирање на горните и долните екстремитети

На 30.05.2025 се одржа работилница со вежби за релаксирање на горните и долните екстремитети со членките на групата за самопомош на жени заболени и лекувано од малигни болести. Работилницата се одржа во спортска сала „Цар Самоил“, а ја водеше физиотерапевтката Марија Таушанова Стеванова.

Целта на оваа работилница е жените да разберат колку е важно секојдневното вежбање за зајакнување на мускулите во пределот на градниот кош.

Со редовни вежби се спречува појава на лимфедем, се подобрува држењето на телото, се намалува болката, а воедно се овозможува полесно и послободно движење на градниот кош и правилно дишење.

Овие вежби помагаат телото да биде постабилно, да се намали непријатноста и да се чувствувате посилно и подобро во вашето секојдневие.

Оваа активност е дел од проектот “Заедно да превенираме и се бориме против ракот на дојка-2025“, финансиски поддржан од Локална самоуправа на општина Свети Николе.

 

Е-билтен

Пријавете се на Е-билтенот за да ги добивате најновите информации во врска со ОЖО Свети Николе.
Затвори
Е-билтен