Организација на жените на општина Свети Николе, на 26 август ја реализира промотивната активност „Поврзи се и делувај“. Настанот имаше за цел дирекно да стапиме во комуникација со пошироката јавност во Свети Николе и да ја промовираме работата на ОЖОСВН.
Покрај информирањето, настанот беше и можност да поттикнеме отворена дискусија и размена на идеи. Ги охрабривме нашите сограѓани активно да се вклучат со свои предлози за идни активности што би можела да ги реализира организацијата. Веруваме дека токму преку овие идеи и предлози ќе можеме да креираме уште поквалитетни програми кои ќе одговараат на вистинските потреби на заедницата.
Особено сме благодарни на младите кои се приклучија и споделија креативни и конструктивни предлози.
Им изразуваме голема благодарност на сите сограѓани кои одвоија време да бидат дел од настанот „Поврзи се и делувај“. Вашето учество и поддршка се од огромно значење за нас и заедно со вас веруваме дека можеме да придонесеме за позитивни промени во нашата заедница.
Овој настан е дел од проектот „Јаки жени, ја јакнат заедницата III“ финансиски поддржан од фондацијата Kvinna Till Kvinna и Шведска.