На 10.09.2025 во малата сала на општина Свети Николе се одржа работилница на тема „Релаксација“. Работилницата ја водеше психологот Емина Петкова.
Работилницата беше посветена на подигање на свеста за негативното дејство на стресот и неговите последици врз физичкото и психичкото здравје кај членките на групата за самопомош на жени забоелни и лекувани од малигни болести. Учесничките имаа можност да се запознаат со техники кои помагаат во намалување на стресот, како што се прогресивна мускулна релаксација, водена фантазија и вежби за дишење.
Целта на работилницата беше:
· да се создадат сознанија за негативното дејство на стресот,
· да се укаже на ефектите на релаксационите техники во ублажувањето на штетните последици,
· и да се овозможи нивно заедничко практикување.
Оваа активност е дел од проектот “Заедно да превенираме и се бориме против ракот на дојка-2025“, финансиски поддржан од Општина Свети Николе.