Во рамки на глобалната кампања „16 дена активизам против родово базирано насилство“, спроведовме онлајн кампања со цел подигање на свеста, охрабрување за пријавување и јакнење на солидарноста со жртвите на насилство. Преку видеа и пораки базирани на реални секојдневни ситуации, зборувавме за насилството онака како што навистина изгледа – често тивко, скриено и нормализирано.
25 ноември
Кампањата ја започнавме со порака дека промената започнува дома. Наместо да ги учиме ќерките да трпат, време е да ги учиме синовите да не удираат. Насилството не е приватна работа, тоа е општествен проблем. линк до објава
27 ноември
„Тивките приказни живеат зад затворени врати“ – видео кое преку реални секојдневни примери потсети дека насилството често останува невидливо, но неговите последици се длабоки и трајни. линк до објава
1 декември
Ги прикажавме најчестите форми на омаловажување и психичко насилство во секојдневието. Фрази како „не преувеличувај“ всушност значат минимизирање на чувствата и избегнување одговорност – и се форма на насилство. линк до објава
2 декември
Видео со порака за охрабрување – секогаш постои решение. Прикажавме како изгледа првиот разговор кога некој ќе се охрабри да побара помош и дека секој чекор кон безбедноста е важен. линк до објава
3 декември
Младите против насилството. Генерации кои не молчат пред неправда и кои имаат моќ да создадат општество без насилство, преку глас, став и акција. линк до објава
4 декември
Ден на солидарност и сеќавање. За жртвите кои го изгубија својот живот.
За оние чии приказни завршија во тишина – ние зборуваме гласно. линк до објава
9 декември
Во Свети Николе беше донесена првата пресуда за онлајн демнење – значаен чекор во препознавањето и санкционирањето на дигиталното насилство. линк до објава
10 декември – Меѓународен ден на човекови права=женски права
Потсетивме дека човековите права се и женски права и дека живот без насилство е основно човеково право. линк до објава
16 дена зборувавме, споделувавме и потсетувавме. Борбата продолжува!
Секој ден е ден против насилство.


