На 27 септември, во рамки на програмата „Растеме заедно во лидерки на заедницата“, менторките и менторираните девојчиња реализираа заедничка активност на Колешинските водопади.
Денот помина во пријатна атмосфера, со прошетка и уживање во природата, дружење и споделување убави моменти. Активноста овозможи девојчињата и менторките да поминат квалитетно време заедно и дополнително да се поврзат надвор од програмските активности.
По посетата на водопадите, дружењето продолжи во Струмица, каде беше организиран заеднички ручек. Во опуштена атмосфера, „големите“ и „малите“ девојчиња имаа можност за разговор, меѓусебно запознавање и размена на искуства, но исто така, споделија моменти и разговори и со останатите нивни врснички.
Преку ваквите заеднички активности се создаваат блиски односи, доверба и чувство на припадност, кои се важен дел од заедничкото растење и градење на лидерски потенцијал кај девојчињата.
Активноста е дел од проектот „Чекориме од зајакнување кон промена“, финансиски поддржан од фондацијата Kvinna Till Kvinna и Шведска.



