Розев парк за Розев октомври – порака за свест, превенција и поддршка

  • Почетна
  • Новости
  • Розев парк за Розев октомври – порака за свест, превенција и поддршка

На 1 октомври, паркот во Свети Николе доби посебна розева боја, како симболичен почеток на месецот посветен на подигање на свеста за ракот на дојка.

Како дел од одбележувањето на Розев октомври, а на иницијатива на нашите млади волонтерки и волонтери, дрвјата во паркот беа украсени со розеви панделки, а на секое од нив поставивме порака посветена на превенцијата, навременото откривање, грижата за сопственото здравје и поддршката за жените кои се соочуваат или се соочиле со рак на дојка.

Со оваа акција сакавме да создадеме простор кој не само што ќе биде обоен во розево, туку ќе потсетува, информира и охрабрува. Секоја порака на дрвјата носеше едноставен, но важен потсетник – да се грижиме за своето тело, да ги следиме промените, да не ги одложуваме здравствените прегледи и да зборуваме отворено за здравјето на дојките.

Розевата боја за нас е и симбол на солидарност со секоја жена која водела своја битка. Зад секоја розева лента стои приказна, сила и храброст. Затоа, овој месец нè потсетува дека поддршката е важна – да бидеме тука едни за други, да споделуваме информации и да охрабруваме навремена грижа за здравјето.

Розевиот парк останува наша порака дека грижата за себе не треба да биде само октомвриска тема. Таа треба да биде навика, избор и приоритет во текот на целата година.

 

Оваа активност е реализирана од ОЖОСВН во рамки на проектот „Не чекаме промени – ги создаваме”, кој е финансиран од Здружението за унапредување на родовата еднаквост – Акција Здруженска, а поддржан од filia.die frauenstiftung.

„Содржината на овој материјал е единствена одговорност на ОЖОСВН и во никој случај не ги одразува ставовите на Акција Здруженска и filia.die frauenstiftung.“

Е-билтен

Пријавете се на Е-билтенот за да ги добивате најновите информации во врска со ОЖО Свети Николе.
Затвори
Е-билтен