Меѓународен ден на човекови права

 

На 10 декември 1948 година, Генералното собрание на Обединетите нации ја усвои Универзалната декларација за човекови права (УДЧП).

Овој документ ги прокламира неотуѓивите права на кои има право секое човечко суштество. Целиот документ ги разгледува универзалните вредности за сите народи и сите нации.

Човекови права постојат без разлика на раса, боја, религија, пол, јазик, мислење, потекло или друг статус.

Право на:

Еднаквост, живот, слобода, лична безбедност, да се смета за невин додека не се докаже вината, бракот и семејството, сопствен имот, одмор и слободно време, образованието

Слобода од:

Дискриминација, ропство, мачење, произволно апсење и прогонство

Слобода на:

верување и религија, мислење и информации

се само дел од човековите права содржани во најпреведуваниот документ во светот – Универзалната Декларација за Човекови Права.

На 10 декември официјално завршува и кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“ која започнува на 25 ноември и која има за цел да влијае на подигање на свеста за родово базирано насилство и елиминација на секоја форма на насилство врз жените и девојките.

Е-билтен

Пријавете се на Е-билтенот за да ги добивате најновите информации во врска со ОЖО Свети Николе.
Затвори
Е-билтен