Работилница со членките на групата за самопомош на жени заболени и лекувани од малигни болести на тема „Доверба“

  • Почетна
  • ОЖО
  • Работилница со членките на групата за самопомош на жени заболени и лекувани од малигни болести на тема „Доверба“

На 22 декември 2021 година во големата сала на локална смоуправа на Општина  Свети Николе се оддржа двочасовна работилница на тема – Доверба – водена од др.Гордана Митева – специјалист докторка по семејна медицина. Оваа работилница беше наменета и на истата присуствуваа членки од групата за самопомош на жени заболени и лекувани од малигни болести при ОЖОСВН.

Цел на работилницата беше, учесничките да направат рефлексија на годината што изминува и да осознаат каква била за нив, дали можеле нешто да променат, да направат поинаку, за да биде поуспешна, но и да научат што значи довербата и колку е важна и да се оценат колкава била нивната доверба како кон луѓето така и кон институциите.

Оваа активност е дел од проектот „Заедно во борба против ракот на дојка -2“ Финансиски подржан од  Локална самоуправа Свети Николе

Е-билтен

Пријавете се на Е-билтенот за да ги добивате најновите информации во врска со ОЖО Свети Николе.
Затвори
Е-билтен