Јавна трибина за промоција на Анализа од истражување за потребите на жртвите на семејно и родово базирано насилство

  • Почетна
  • ОЖО
  • Јавна трибина за промоција на Анализа од истражување за потребите на жртвите на семејно и родово базирано насилство

На 17 декември во големата сала на општина Свети Николе, се одржа јавна трибина за промоција на Анализата од истражувањето за потребите и проблемите на жртвите на семејно/родово базирано насилство и препораките кои се доставени до општина Свети Николе за преземање иницијатива за домување на жртвите на семејно насилство на локално ниво.

Цел на настанот беше промоција на финалниот документ Анализа од истражување пред пошироката јавност. Присутните беа заинтересирани за темата, за податоците од истражувањето и информациите кои беа презентирани на настанот и отворено ја искажаа својата поддршка за жените жртви на насилство и потребата да се изнајде решение за нивно домување и згрижување.

 

Оваа активност е дел од проектот „Институционализирање на квалитетни услуги за рехабилитација и интеграција на жртви од насилство“, финансиран од Австриската агенција за развој (АДА) со средства на Австриската развојна соработка, спроведуван од Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство, а регрантиран на ОЖОСВН.

Е-билтен

Пријавете се на Е-билтенот за да ги добивате најновите информации во врска со ОЖО Свети Николе.
Затвори
Е-билтен