Организација на жените на општина Свети НиколеОрганизација на жените на општина Свети НиколеОрганизација на жените на општина Свети Николе
+389 32 444 620
Свети Николе, Македонија

Советниците од општина Свети Николе во поддршка на жените – жртви на насилство

  • Почетна
  • ОЖО
  • Советниците од општина Свети Николе во поддршка на жените – жртви на насилство

Во периодот од 25 ноември до 10 декември, за време на меѓународната кампања „16 дена активизам за борба против родово базирано насилство“, ОЖОСВН реализираше три работни средби со советниците при Советот на општина Свети Николе, а од политичките партии: ВМРО ДПМНЕ, ЛЕВИЦА И СДСМ. Целта на средбите беше, советниците да се запознаат со наодите и препораките соддржани во анализата од истражувањето за потребите и проблемите на жртвите на семејно насилство, со конкретните препораки до институциите, како и да се застапува потребата за обезбедување на стан/простор за домување за жртвите на семејно насилство и да се побара поддршка од советниците за ова. Средбите со советниците беа доста конструктивни и се разговараше за повеќе различни начини и можности за поддршка на жените, при тоа, советниците дадоа свои видувања и отворена поддршка за заедничко делување и соработка во однос на подобрување на положбата на жртвите од родово базирано насилство на локално ниво. Воедно, советниците се согласија прашањето за обезбедување на простор за домување, да се стави како точка на дневен ред на некоја од идните седници на Совет на општина Свети Николе.

Оваа активност е во рамки на проектот “Институционализирање на квалитетни услуги за рехабилитација и интеграција на жртви на семејно насилство” реализиран од ОЖОСВН, а регрантиран од Националната мрежа против семејно насилство и насилство врз жени

Е-билтен

Пријавете се на Е-билтенот за да ги добивате најновите информации во врска со ОЖО Свети Николе.
Затвори
Е-билтен