Стенд ап „8 март во мај“

На 29.05 се реализираше стенд-ап настан на која што настапуваше Софија Ристевска Петрушева. Самиот настан го отворија две девојчиња од нејзината театарска школа при Интимен театар од Битола и се претставија со свој актерски перформанс и неколку музички точки.

Ни беше чест што Софија Ристевска Петрушева ја украси нашата сцена и испорача моќна изведба која навлегува во комплексноста на женското тело и стереотипите со кои се соочуваат жените во нашето општество, односно општествените очекувања, традицијата и очекуваните норми од жените, затоа што се жени. Со одлучност, таа ги прегрна овие стереотипи, изложувајќи ги и предизвикувајќи ги со неспоредлива духовитост и хумор. Софија ја преработи својата животна приказна додека раскажуваше како се соочувала со овие стереотипи, демонтирајќи ги еден по еден.

Но, не се работеше само за шегите. Тоа беше прослава на силата, интелигенцијата и издржливоста на жените. Преку нејзината комедија, оваа брилијантна комичарка не потсети дека жените се повеќеслојни, способни за се.

Настанот заврши со пораката дека секоја една е важна, треба да веруваме во себеси, да се бориме за своите права, да работиме на себе, да бидеме подобри луѓе прво за нас самите, а потоа и за останатите и општеството.

Посетеноста на настанот и задржување на вниманието на шеесетина присутни од почеток до крај, само е показател дека имавме успешен настан, кој за прв пат се оддржа во ваков формат во Свети Николе.

Оваа активност е дел од проектот „Јаки жени ја јакнат заедницата 2“ финансиски поддржан од Фондација Kvinna Till Kvinna, Шведска.

Е-билтен

Пријавете се на Е-билтенот за да ги добивате најновите информации во врска со ОЖО Свети Николе.
Затвори
Е-билтен