Барање на понуда за превоз на патници

До: Сите заинтересирани страни

Предмет: Барање на понуда за превоз на патници

 

Почитувани,

Здружението Организација на жените на општина Свети Николе од Свети Николе, во рамките на проектот „Јаки жени, ја јакнат заедницата III“ финансиски поддржан од The Kvinna Till Kvinna фондација, Шведска, има потреба од прибирање на понуди за превоз на патници.

Во рамки на проектот, во периодот од 28 до 31 октомври 2024 година, ОЖОСВН ќе реализира тридневен тренинг во хотел Дрим, Струга.

На тренингот ќе учествуваат 21 учеснички од различни градови од Источен и Вардарски регион на Македонија за кои е потребно да се обезбеди организиран превоз. На 28 октомври сите учесници треба да бидат во х.Дрим, Струга до 14 часот, а треба да се вратат назад кон матичните градови на 31 октомври со поаѓање од х.Дрим, Струга во 14 часот.

Вашата понуда треба да гласи до Организација на жените на општина Свети Николе и да содржи:

  • Превоз за учеснички на релација Пехчево – Свети Николе – Струга – Свети Николе – Пехчево
  • Пехчево – 2 учеснички
  • Делчево – 1 учесничка
  • Кочани – 4 учеснички
  • Штип – 1 учесничка
  • Свети Николе – 9 учеснички
  • Кавадарци – 2 учеснички
  • Неготино – 1 учесничка
  • Превоз за 2 учеснички на релација Скопје – Струга – Скопје

 

НАПОМЕНА: Цените да бидат изразени во МКД со пресметан ДДВ.

Сите заинтересирани страни понудите треба да ги достават на е-маил адресата на ОЖОСВН:womsvetinikole@yahoo.com или во просториите на ОЖОСВН: ул.Ленинова бр.1-1/4, Свети Николе, најдоцна до 24 октомври 2024 година (четврток) до 14 часот.

 

Со почит,

ОЖОСВН

Е-билтен

Пријавете се на Е-билтенот за да ги добивате најновите информации во врска со ОЖО Свети Николе.
Затвори
Е-билтен