Барање на понуда за креирање на анимирано видео врз основа на претходно подготвен прирачник

  • Почетна
  • ОЖО
  • Барање на понуда за креирање на анимирано видео врз основа на претходно подготвен прирачник

До: Сите заинтересирани страни

 

Предмет: Барање на понуда за креирање на анимирано видео 

Почитувани,

Здружението Организација на жените на општина Свети Николе од Свети Николе, во рамките на проектот „Локален компас кон еднаквост“, финансиски поддржан од The Kvinna Till Kvinna Foundation од Шведска, има потреба од прибирање на понуди за креирање на дигитална верзија на Прирачник подготвен од проектот, со кратки и јасни визуелни упатства (анимирано видео) врз основа на прирачникот.

Видео со времетраење од приближно 15 минути (или три видеа по 5 минути), треба да биде изработено врз основа на доставен прирачник (текстуалната содржина ќе биде обезбедена од нарачателот).

Крајниот рок за изработка на видеото е 20 март 2026 година.

Вашата понуда треба да гласи до Организација на жените на општина Свети Николе и да содржи:

  • Анализа и адаптација на содржината од прирачникот во сценарио
  • Креативен концепт и визуелно решение
  • Изработка на сториборд
  • Анимација (2D/3D)
  • Дизајн на графики и илустрации
  • Нарација (машки/женски глас – да се наведе опција)
  • Синхронизација на аудио и видео
  • Вклучена музика и звучни ефекти (со регулирани авторски права)
  • Најмалку две можности за корекции

НАПОМЕНА: Цените на понадата да бидат изразени во МКД со пресметан ДДВ.

Сите заинтересирани страни понудите треба да ги достават на нашата емаил адреса: womsvetinikole@yahoo.com или во просториите на Организација на жените на општина Свети Николе ул:Ленинова бр.1-1/4, Свети Николе, најдоцна до 20 февруари 2026 година (петок) до 12 часот.

 

Со почит,

ОЖОСВН

Е-билтен

Пријавете се на Е-билтенот за да ги добивате најновите информации во врска со ОЖО Свети Николе.
Затвори
Е-билтен