HERO2 – Human rights education opportunity

Во периодот од 11.04 до 18.04.2023 во Карловац, Хрватска се одржа HERO2 тренингот, како дел од Еразмус + програмата кој беше спроведен од страна на Carpe Diem. На тренингот, учество зедоа по двајца или тројца претставници од 13 држави (Кипар, Хрватска, Италија (Сардинија), Македонија, Португалија, Романија, Србија, Шпанија (Каталонија), Украина,Грузија,Молдавија, Турција и Арменија). Од Организација на жените на општина Свети Николе, како партнер организација во проектот, претставници на тренингот беа Евгенија Тасева и Марија Лазева. Главната тема на тренингот беше поврзана со човековите права со посебен акцент на работата со млади и нивната перцепција за човековите права.

На првиот ден од тренингот, се запознавме меѓусебе и зборувавме за очекувањата, а во вториот дел елиминиравме кои човекови права од Декларацијата ги сметаме за најбитни. Вториот ден беше резервиран за дебатирање во тимови каде на учесниците им беа дадени одредени теми и тие дебатираа со „за“ и „против“ ставови. Форум театарот се одржа третиот ден и им помогна на учесниците преку толкување ликови да прикажат кршење на човековите права и преку глумење да предизвикаат емоција.

Eдна од главните вежби беше делот кога учесниците учествуваа во пишувањето на Code of values (код на вредности) кажувајќи ги вредностите што се повеќе или помалку застапени во нивната држава или култура. А исто така имавме и активност каде пишувавме Code of values (Код на вредности) за организацијата. Овој Код ќе пробаме да го воведеме и почитуваме секој во својата организација. Учесниците поделени во групи, во текот на тренингот, практикуваа различни методи, преку кои со другите групи учесници, преку неформално образование можеа да дискутираат за човековите права. А секој ден, по завршување на вежбите имавме рефлексија каде во групи дискутиравме за денешниот ден и искажувавме наше мислење за секој дел од денот (дали беше добро организирано и што би требало да се замени/подобри).

Фасцилитаторот на тренингот, покажа големо познавање на темата, беше многу креативен и секоја информација беше корисна. По завршувањето на тренингот и средување на знаењата и впечатоците, секој од учесниците во своите матични организации, ќе направат десиминација на знаењата користејќи методи кои што ги научиле за време на тренингот и новите вештини кои ги имаат стекнато и подобрено.

По самото враќање од тренингот, организиравме десиминација со соучениците на истата тема. Дискутиравме за човекови права и направивме активност со која можевме да заклучиме дека сите сме еднакви, но некои се поеднакви од другите. Во оваа активност учесниците доживуваат како е да се биде некој друг во нивното општеството. Заклучивме дека целта на оваа активност се:

-Да промовираме емпатија со другите кои се различни

-Да се подигне свеста за нееднаквоста на можностите во општеството

-Да се поттикне разбирање на можните лични последици од кои припаѓаат на одредени општествени малцинства или културни групи.

Им благодариме на нашите соученици за одвоеното време.

Е-билтен

Пријавете се на Е-билтенот за да ги добивате најновите информации во врска со ОЖО Свети Николе.
Затвори
Е-билтен