Барање на понуда за промотивен материјал

Почитувани,

Здружението Организација на жените на општина Свети Николе од Свети Николе, во рамките на проектот „Не си сам/а, канцеларија за бесплатна правна помош и психолошка поддршка финансиски поддржан од The Kvinna Till Kvinna Foundation, Стокхолм, Шведска и Коалиција Маргини, Скопје и има потреба од прибирање на понуди за печатење на промотивен материјал.

Вашата понуда треба да гласи до Организација на жените на општина Свети Николе и да содржи:

  • Чадор бел со дрвена рачка со два принта во боја (порака и логоа)
  • Блузони на закопчување со капа со еден принт во боја (лого)

НАПОМЕНА: Цените да бидат изразени во МКД без пресметан ДДВ, бидејќи проектот е ослободен од плаќање на ДДВ.

Сите заинтересирани страни понудите треба да ги достават на нашата емаил адреса: womsvetinikole@yahoo.com или во просториите на Организација на жените на општина Свети Николе ул:Ленинова бр.1-1/4, Свети Николе, најдоцна до 27 декември 2023 година (среда).

 

Со почит,

ОЖОСВН

 

 

 

 

 

 

 

 

Е-билтен

Пријавете се на Е-билтенот за да ги добивате најновите информации во врска со ОЖО Свети Николе.
Затвори
Е-билтен