Креирана Програма за работа на ОЖОСВН за 2023г

Во периодот од 08 до 10 декември, беше реализирана работилница за евалуација на работата на ОЖОСВН за 2022 година и креирање на Програма за работа за 2023 година. Членовите од извршната канцеларија поминаа низ стариот годишен план каде што се евидентираа сите постигнати резултати во 2022 година.

Врз основа на овие информации, веќе одобрените проекти за наредната година, стратешкиот и акцискиот план на ОЖОСВН, потребите на целните групи и очекувани акции и активности за наредниот период, учесниците на работилницата продолжија со креирање на Програма за работа за 2023 година.

ОЖОСВН и во наредната година останува посветена кон остварување на зацртаните стратешки цели во своите програми за работа и потребите на своите целни групи.

Оваа активност е реализирана од страна на Организација на жените на Општина Свети Николе, а е дел од проектот „Јаки жени ја јакнат заедницата 2“ финансиски поддржан од шведската Фондација Kvinna Till Kvinna.

Е-билтен

Пријавете се на Е-билтенот за да ги добивате најновите информации во врска со ОЖО Свети Николе.
Затвори
Е-билтен