ОЖООЖООЖО
+389 32 444 620
Свети Николе, Македонија

„Психичкото влијание за време на Ковид-19“

На 24.05.2021 г. (вторник), во дворот на ООУ „Кирил и Методиј“ – Свети Николе, се одржа едукативна работилница организирана од ОЖОСВН, на тема „Психичкото влијание за време на Ковид-19“.

Работилницата ја фацилитираше психотерапевтката Елисавета Секуловска од Скопје.

Преку прашања, одговори и споделување на лични искуства, жените од групата за самопомош стекнаа позитивни искуства за грижата за сопственото здравје и за секојдневната комуникација со другите за време на пандемија.

Оваа работилница е дел од активностите во рамки на проектот „Заедно во борба против ракот ракот на дојка-2“, финансиски поддржан од Општина Свети Николе.

Е-билтен

Пријавете се на Е-билтенот за да ги добивате најновите информации во врска со ОЖО Свети Николе.
Затвори
Е-билтен